24фудбал

Стерлинг е ’планот Б’ на Баерн

’Баварците’ ќе се обидат да го ангажираат Рахим Стерлинг од Ливерпул доколку не успеат да стигнат до потписот на Марко Ројс

Германија

Ѕвездата на Борусија Дортмунд по крајот на сезоната ќе биде достапен за 25 милиони евра, па Баерн Минхен сериозно размислува за ангажман на репрезентативецот на Германија.

Но за услугите на Марко Ројс интерес пројавуваат уште неколку топ клубови, помеѓу кои Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Сити.

Според денешното издание на Bild, ’Баварците’ се свесни дека можат да ја загубат трката за потписот на Марко Ројс, па веќе кројат резервни планови.

Весникот пренесува дека Пеп Гвардиола го идентификувал Рахим Стерлинг од Ливерпул како ’планот Б’.

Тренерот на Баерн Минхен побарал помош од својот брат Пере, кој е агент, да оствари контакт со играчот и да опипа дали репрезентативецот на Англија е заинтересиран за преселба во Бундеслигата.

Рахим Стерлинг е обврзан кон Ливерпул до 2017, ’Црвените’ се обидуваат да го продолжат неговиот договор, но фудбалерот неодамна го одби предлогот на клубот од Енфилд.