24фудбал

Атлетико сака да го врати Фернандо Торес

Атлетико Мадрид е заинтересиран за ангажман на Фернандо Торес но само доколку напаѓачот пристигне на Висенте Калдерон како слободен играч

Шпанија

Шпанецот изминатово лето се пресели во Милан на две годишна позајмица, но се почесто се шпекулира дека ’Росоњерите’ не се задоволни од неговите игри и размислуваат за раскин на дговорот.

Жозе Мурињо не смета на услугите на Фернандо Торес, и посочи дека во овој момент нема место за напаѓачот на Стемфорд Бриџ.

Според шпанскиот фудбалски експерт, Гиљем Балаге, ’Ел Нињо’ би можел да се врати во клубот каде што ја започна кариерата.

Балаге пренесува дека Атлетико Мадрид е отворен за идеата Фернандо Торес одново да заигра на Висенте Калдерон, но шампионот на Шпанија нема намера да плати оштета за играчот.

Со оглед на тоа дека Фернандо Торес не може да биде испратен на нова позајмица, за оваа зделка да се реализира, фудбалерот ќе треба да се договори со Челзи за прекин на соработката и потоа како слободен играч да потпише за Атлетико Мадрид.