24фудбал

Јувентус доминираше на фудбалските Оскари во Италија, Пирло е најдобриот фудбалер

Јувентус и неговите фудбалери доминираа на фудбалските Оскари во Италија кои ги доделува Здружението на италијански фудбалери.

Италија
Јувентус очекувано е прогласен за најдобриот италијански тим за 2014 година, а фудбалерите на „старата дама" ги собраа и најголемиот број од наградите.
 
Андреа Пирло го доби признанието за најдобар фудбалер во Италија, Буфон е најдобриот голман, поранешниот тренер на Јуве и сегашен селектор на азурите, Антонио Конте е тренерот на годината.
 
Гонзало Игуаин беше прогласен за најдобар напаѓач, но не се појави на свеченоста бидејќи претседателот на Наполи ја бојкотира манифестациите и им забрани на своите фудбалери да се појават.
 
Ова е идеалниот тим на годината во формација 4-3-3:
 
Голман: Буфон
Одбрана: Дармијан, Барзаљи, Бенатија, Асамоа
Среден ред: Погба, Пирло, Видал
Напад: Тевез, Имобиле, Игуаин