24фудбал

Тиери Анри ја заврши играчката кариера

Легендата на Арсенал и францускиот фудбал, Тиери Анти објави дека става крај на фудбалската кариера.

Англија
37-годишниот Анри го напушти Њујорк Ред Булс овој месец, се појавуваа шпекулации кои го поврзуваа со други клубови, но тоа нема да се случи, Французинот става крај на фудбалската кариера.
 
Анри сега се враќа во Лондон, потпиша договор со Скај Спортс каде ќе биде стручен коментатор и аналитичар.
 
„По 20 години решив да се повлечам од професионалниот фудбал. Ова беше неверојатна авантура и би сакал да им се заблагодарам на сите фанови, соиграчи и индивидуалци кои беа во Монако, Јувентус, Арсенал, Барселона, Њујорк Ред Булс и се разбира француската репрезентација кои моето време поминато во фудбалот ми го направија посебно" - вели Анри.
 
„Сега е време за поинаков пат во кариерата и среќен сум што можам да кажам дека се враќам во Лондон и му се приклучувам на Скај Спортс. Се надевам дека со вас ќе споделам некои искуства кои ги научив во изминатите години. Имав некои неверојатни спомени, повеќето добри, и прекрасно искуство. Се надевам дека ќе уживате гледајќи ги натпреварите толку колку што јас ужувам во тоа дека ќе бидам дел од нив. Се гледаме на другата страна".