24фудбал

Бегиристан: Не ми се верува дека Сити повторно ја доби Барселона

Спортскиот директор на Манчестер Сити, Чики Бегиристан не е среќен поради ждрепката во која ја добија Барселона, но верува дека овој пат ќе успеат да ги поминат Каталонците.

Лига на Шампиони
Манчестер Сити два пати по ред во групната фаза ги доби ЦСКА Москва и Баерн Минхен, а сега судбината сакаше да го повторат и дуелот со Барселона од лани кога беа елиминирани со вкупни 4-1.
 
„Неверојатно. Не требаше ниту да доаѓам, бидејќи секогаш е исто" - изјави спортскиот директор на Сити, Бегиристан кој е поранешен фудбалер и извршен директор на Барселона.
 
„Во групата се сретнавме со Баерн Минхен и ЦСКА Москва, а сега повторно ја добивме и Барселона".
 
„Но сега имаме многу поголема самодоверба бидејќи до нокаут фазата стигнавме со победи над Баерн и Рома".
 
„Не сме среќни многу што ја добивме Барселона, сакавме полесен тим. Се надеваме дека во дуелот ќе влеземе во најдобра форма, бидејќи тоа е единствениот начин да ги победиме".