24фудбал

Познати се осминафиналните двојки во Лигата на шампионите

Денеска беа извлечени двојките за осминафиналето во Лигата на шампионите, Манчестер Сити - Барселона е најголемото дерби од осумте парови.

Лига на Шампиони
Дуелот помеѓу англискиот шампион и силната Барселона ќе биде најатрактивниот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите, но има и други супер интересни дуели.
 
Челзи немаше среќа па ја доби најтешката опција, ќе ги одмери силите со ПСЖ, интересен ќе биде и дуелот помеѓу Јувентус и Борусија Дортмунд.
 
Арсенал конечно имаше среќа во ждрепката па за противник го доби Монако, бранителот на трофејот, Реал Мадрид ќе игра против Шалке.
 
Осминафинале Лига на шампиони:
 
ПСЖ - Челзи
Манчестер Сити - Барселона
Баер Леверкузен - Атлетико Мадрид
Јувентус - Борусија Дортмунд
Шалке - Реал Мадрид
Шахтјор - Баерн Минхен
Арсенал - Монако
Базел - Порто
 
Првите натпревари се играат на 17/18 и 24/25 февруари, реваншите се 10/11 и 17/18 март.