24фудбал

3€ милиони го делат Реал од Лукас Силва

Според пишувањата на Marca, Реал Мадрид ќе мора да ја зголеми понудата за Лукас Силва на 15 милиони евра

Шпанија

21 годишниот Бразилец важи за голем талент и го привлече вниманието на голем број клубови од ’Стариот континент’.

Реал Мадрид се посочува како најсериозен кандидат за потписот на Лукас Силва, ’Кралевите’ доставија понуда вредна 12 милиони евра.

Сепак, Крузеиро не сака да се откаже од услугите на играчот за помалку од 15 милиони евра, шампионот на Бразил веќе има добиено ваква понуда од Арсенал.

Но и покрај тоа што ’Топџиите’ имаат постигнато договор со Крузеиро, Marca пренесува дека Лукас Силва одбива да разгледа другите предлози, и сака само да се пресели во Мадрид.

Неодамна играчот откри дека сонува да игра покрај неговиот херој Кристијано Роналдо.

Па затоа ’Кралевите’ ќе треба да ја зголемат својата понуда и да избројат 15 милиони евра колку што бара Крузеиро.

Во меѓувреме, таткото на фудбалерот за медиумите од Бразил истакна дека најдобро е трансферот да се реализира во летниот преоден рок, а не во јануари.

„Идеата е преговорите да се завршат сега а тој да се пресели во Европа за шест месеци” – вели Мигел Виеира за MG Superesportes.

„Мислам дека е подобро тој да има подготовки со преостанатиот дел од тимот и да игра со Крузеиро во Копа Либертадорес”.

„Но доколку одлучи дека уште во јануари треба да се пресели во Европа, ќе го поддржиме”.