24фудбал

Мурињо не ги сака „ајкулите“

Тренерот на Челзи, Жозе Мурињо вели дека неговиот тим не се плаши од никого во Лигата на Шампионите, но сака да ги избегне „ајкулите во океанот“.

Лига на Шампиони
Челзи како прв во својата група избори пласман во нокаут фазата од Лигата на Шампионите и во ждрепката во понеделник за противник ќе добие некој од Јувентус, ПСЖ, Базел, Баер Леверкузен или Шахтјор.
 
„Не стравуваме од никој, но знаеме дека има многу добри, силни тимови во ова натпреварување" - вели Мурињо.
 
„Минатата година бевме блиску и немавме тим кој може да игра на толку високо ниво како оваа сезона, па се надеваме дека сега ќе одиме чекор понапред".
 
„Но да видиме дали ќе ги избегнеме ајкулите, бидејќи има неколку ајкули во океанот".