24фудбал

Победа на Олимпико за осминафиле на Манчестер Сити (ВИДЕО)

Манчестер Сити ја победи Рома со 2-0 на Олимпико и се пласира во нокаут фазата од Лигата на Шампионите.

Лига на Шампиони
Успешна беше мисијата на англискиот шампион во Рим, Манчестер Сити со 2-0 ја совлада Рома на Олимпико и обезбеди пласман во осминафиналето од Лигата на Шампионите.
 
Самир Насри беше јунакот на Сити кој прв ја тресеше мрежата на Рома постигнувајќи прекрасен погодок во 60. минута, Забалета само стави точка на натпреварот.
 
Вечерва пласман во нокаут фазата обезбеди и Шалке кој со минимални 1-0 го победи Марибор во Словенија, а екипата на Спортинг загуби на Стемфорд Бриџ кај Челзи.
 
Мејер со погодок во 62. минута ја донесе победата на Германците, Ибраими настапи до 83. минута но не успеа да му помогне на својот тим да остане непоразен.
 
Фабрегас, Ширле и Оби Микел стрелаа за Челзи во победата над Спортинг на кој му беше доволно и нерешено за пласман понатаму, но не успеа во тоа.
 
На Барселона и беше потребна победа над ПСЖ за првото место во групата, тоа и се случи, каталонците славеа со 3-1 на Камп Ноу.
 
Ибрахимовиќ во 15. минута најави можно изненадување, но подоцна Меси, Нејмар и Суарез реализираа за победа на Барселона.
 
Баерн Минхен со убедливи 3-0 ја победи ЦСКА Москва, Ајакс беше уште поубедлив против АПОЕЛ и славеше со 4-0, Атлетик Билбао со 2-0 го совлада БАТЕ Борисов, немаше победник само на натпреварот помеѓу Порто и Шахтјор кој заврши 1-1.
 


AS Roma 0 - 2 Manchester City All Goals and... by ViralDailyTV