24фудбал

Вилшер опериран, ќе паузира 3 месеци

Арсенал соопшти дека Џек Вилшер ќе паузира околу три месеци откако денеска му била извршена операција на левиот скочен зглоб

Англија

Репрезентативецот на Англија ги повреди лигаментите на левиот скочен зглоб на дуелот со Манчестер Јунајтед изминатиов викенд.

По консултации со специјалист, било одлучено Џек Вилшер да замине ’под нож’.

Арсенал потврди дека попладнево операцијата била успешно извршена, и фудбалерот околу три месеци ќе биде надвор од стројот.

„Сите во клубот му посакуваат на Џек брзо опоравување и со нетрпение чекаат одново да го видат на терените што поскоро” – гласеше известувањето на ’Топџиите’