24фудбал

Еден месец затвор за Брандао!

Затворска казна од еден месец и парична глоба од 20 000 евра добри фудбалерот на Бастија, Брандао за инцидентот со Тиаго Мота од ПСЖ

Франција

Поради насилство во спортска арена, Бразилецот се најде пред кривичен суд во Париз откако реши да се пресмета со својот сонародник Тиаго Мота по крајот на дуелот помеѓу ПСЖ и Бастија одигран во август.

Обвинителот побара осум месеци условна затворска казна и парична глоба од 15 000 евра за напаѓачот на Бастија.

Судот попладнево донесе пресуда и на играчот му додели затвроска казна од еден месец и парична глоба од 20 000 евра.

Но најверојатно 34 годишниот Брандао нема да оди зад решетки, според пишувањата на медиумите од Франција, судијата сугерирал дека фудбалерот може да помине со поблага казна и затворот да го замени со извршување општествено корисна работа.