24фудбал

Ќерката е причината за слабата форма на Балотели

Агентот на Марио Балотели, Мино Раиола вели дека напаѓачот се мачи со формата во Ливерпул бидејќи не поминува доволно време со својата ќерка Пиа

Англија

Контроверзниот ’Супер Марио’ се преселин на Енфилд во завршните денови од летниот преоден рок во трансфер вреден околу 16 милиони фунти.

Италијанецот лошо ја започна авантурата во Мерсисајд, зад своето име до овој момент запиша само два погодоци, и сеуште нема постигнато гол во Премиерлигата.

На адреса на Марио Балотели пристигнуваат голем број на критики, а медиумите се почесто пишуваат за негово заминување веќе во јануари.

Неговиот агент, Мино Раиола не е задоволен од ваквиот развој на настаните, во разговор со Corriere dello Sport вели дека на напаѓачот треба да му се даде време да се прилагоди на новата средина.

Тој исто така додава дека Марио Балотели се мачи со формата бидејќи не поминува доволно време со својата ќерка Пиа.

„Погрешно е да го критикувате Балотели” – вели Раиола. „Потребно му е време да се адаптира на Ливерпул”.

„Потешкотиите со кои се соочува не се поврзани со фудбалот, туку со фактот дека не поминува доволно време со својата ќерка”.

Запрашан за можно враќање на неговиот клиент во Серија А, Раиола одговори: „Балотели никогаш нема да се врати во Италија”.

„Еднаш веќе ја направив таа грешка, го послушав и го вратив во Серија А”.