24фудбал

Обвинителството бара затворска казна за Брандао

Обвинителството бара осум месеци условна затворска казна и парична глоба од 15 000 евра за напаѓачот на Бастија, Брандао за инцидентот со Тиаго Мота од ПСЖ

Франција

По поразот од 2-0 на гостувањето на Паркот на Принцовите во август, Брандао реши да се пресмета со својот сонародник Тиаго Мота во тунелот кон соблекувалните.

Напаѓачот на Бастија со глава го удри во лицето фудбалерот на ПСЖ, кој заврши со скршен нос.

За ваквиот потег Брандао доби шест месечна суспензија, и на терените ќе се врати дури кон финишот на февруари месец следната година.

Но ова не е единствената казна за играчот, поради насилство во спортска арена тој утово се појави пред кривичен суд во Париз.

Медиумите од Франција пренесуваат дека обвинителот побарал осум месеци условна затворска казна и парична глоба од 15 000 евра за Брандао.

Судијата својата пресуда ќе ја донесе подоцна во денот.