24фудбал

Галатасарај подготвува отказ за Прандели

Чезаре Прандели би можел уште вечерва да добие отказ од бордот на Галатасарај, раководството на клубот е разочарано од резултатите под водство на Италијанецот.

Италија
Поранешниот тренер на Фиорентина и селектор на Италија, Чезаре Прандели би можел уште вечерва да си ги спакува куферите и да си замине од Истанбул.
 
Галата има очајни резултати под негово водство, кулминацијата се случила по синоќешниот пораз од Андерлехт, па за денес бордот закажал состанок на кој ќе се разговара за отказ на Прандели.
 
„Сеуште нема официјална одлука. Имавме само гласање, повеќето се за отказ. Ќе имаме официјална средба на која ќе ја донесеме одлуката" - изјави портпаролот на клубот.
 
Доколку добие отказ, Чезаре Прандели во Италија ќе си замине со 3 милиони евра, толку изнесува оштетата која ќе треба да му ја плати Галатасарај доколку пред време го раскине договорот со него.