24фудбал

Фабрегас: Играм можеби најдобро во мојата кариера

Сеск Фабрегас е задоволен од неговите партии во Челзи и позицијата на која настапува, вели дека во моментов игра во најдобра форма.

Англија
По доаѓањето од Барселона во Челзи, Фабрегас стана една од клучните алки во составот на Мурињо.
 
„Во моментов играм можеби најдобро во мојата кариера" - вели Фабрегас.
 
„100% ова е мојата најдобра позиција. Чувствувам дека го контролирам натпреварот, нон стоп ја допирам топката, се чувствувам среќен. Можам да се движам било каде по теренот, можам да одам напред, Оскар да се повлече позади, се чувствувам слободен, имам самодоверба, ја контролирам играта, и тоа е тоа кое најмногу сакам да го правам во фудбалот".
 
„Понекогаш во минатото сум играл и како 9. за националниот тим и Барселона, тоа требаше да го правам за тимот и го правев, но она што го играм денес е тоа во кое најмногу уживам".
 
„Играм покрај одлични играчи кои се многу добри и ми помагаат. Имаме млад и многу телентиран тим".
 
„Расположението е одлично и се надевам дека ќе напредуваме уште како што одминува сезоната, бидејќи во следните месеци ќе биде навистина тешко, имаме многу натпревари пред нас".