24фудбал

Македонија на 103. место на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација има пад од четири позиции на најновата ФИФА ранг листа, повторно сме во стотката.

Македонија
Поразот од Словачка во квалификацискиот натпревар го стори своето, назадувавме на најновата ФИФА ранг листа, од 99. паднавме на 103 позиција на табелата.
 
Пред нас е селекцијата на Белорусија која напредуваше за пет позиции, па од квалификациската група зад нас остана само Луксембург.
 
Нема промени во топ десет, Германија е прва, по неа следуваат Аргентина, Колумбија, Белгија, Холандија, Бразил, Португалија, Франција, Шпанија и Уругвај.
 
Најголем напредок имаа Фарските Острови кои поради победата на гостувањето кај Грција, напредуваа цели 82 позиции и сега се наоѓаат на 105. место.