24фудбал

Севиља и Валенсија се интересираат за Пандев

Според информациите од Италија, покрај неколкуте италијански клубови, за услугите на Пандев интерес има и од Примера, Севиља и Валенсија се во трка за потписот на Македонецот.

Шпанија
Горан Пандев во јануари ќе го напушти Галатасарај, интерес за неговите услуги има од неколку италијански клубови, но последните информации велат дека и клубови од Примера сакаат да го видат Македонецот во своите редови.
 
Според „Скај Спорт Италија“, Севиља и Валенсија имаат потреба од искусен напаѓач и токму Горан Пандев е во нивниот тефтер со желби за јануарскиот преоден рок.
 
Претходно турските медиуми објавуваа дека Галатасарај веќе се договорил со Торино за трансфер на Горан Пандев, а во комбинација се споменуваа и екипите на Фиорентина и Сампдорија.
 
Едно е сигурно, Горан Пандев од јануари ќе има нов клуб, останува да видиме кој ќе го договори неговиот потпис.