24фудбал

Арсенал го победи Дортмунд и го завери пласманот во нокаут фазата

Арсенал со 2-0 ја совлада екипата на Борусија Дортмунд во дрбито на вечерта, важни три бода за Јувентус од гостувањето кај Малме, Реал Мадрид продолжува перфектно, пет од пет за Кралевите.

Англија
Арсенал освои три бода со кои го завери пласманот во осминафиналето од Лигата на шампионите, победен беше тимот на Борусија Дортмунд кој на Емирати пристигна со четири победи.
 
Резултатот беше отворен уште во втората минута кога Саного постигна гол за водство од 1-0, во 57. минута со убав шут Санчез реализираше за конечни 2-0.
 
Јувентус освои многу значајни бодови од гостувањето кај Малме, победи со 2-0 и остана на вистинскиот пат за пласман во нокаут фазата.
 
Отпорот на Малме беше скршен во второто полувреме кога Љоренте погоди во 49. минута, во самиот финиш од натпреварот Тевез ги постави конечните 0-2.
 
Реал Мадрид продолжува перфектно во Лигата на шампионите, со гол на Роналдо во 35. минута славеше на гостувањето кај Базел со минимални 1-0.
 
Атлетико Мадрид со убедливи 4-0 го победи Олимпијакос, Марио Манџукиќ со хет-трик беше херојот на домаќините, еднаш реализираше Гарсија.
 
Ливерпул во самиот финиш пропушти победа на гостувањето кај Лудогорец, Црвените со головите на Ламберт и Хендерсон имаше предност од 2-1, но Терзиев во 88. изедначи на 2-2.
 
Андерлехт со 2-0 го совлада Галатасарај кој настапи без Горан Пандев, Монако славеше на гостувањето кај Баер Леверкузен.