24фудбал

’Златната Топка’ треба да ја добие Германец

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини верува дека ’Златна Топка’ треба да биде доделена на некој играч од редовите на светскиот шампион Германија

Шпанија

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо е огромен фаворит за оваа престижна индивидуална награда, а Лео Меси и Мануел Нојер се посочуваат како негови најсериозни конкуренти.

Но според првиот човек на европската куќа на фудбалот, ’Златната Топка’ не треба да заврши во рацете на Португалецот.

Во разговор со шпанската новинска агенција EFE, Мишел Платини вели дека ова признание треба да му биде доделено на некој играч од редовите на светскиот шампион Германија.

„Неколку фудбалери ја заслужуваат ’Златната Топка’” – вели Платини.

„Но според мене, во година во која има Светско Првенство, наградата треба да ја добие некој светски шампион”.

„Ваков беше мојот став и пред четири години. Според мене, наградата тогаш требаше да ја добие некој фудбалер од Шпанија”.

Запрашан за контроверзиите кои ја пратат ФИФА околу истрагата за наводна корупција при изборот на домаќини за мундијалите во 2018 и 2022, Французинот уште еднаш го потврди ставот дека светската куќа на фудбалот треба во целост треба да го објави извештајот.

„Би сакал целиот извештај да биде објавен, секако во склоп со правилата на Етичкиот Комитет”.

„И секако, доколку имало нерегуларности, тогаш треба да има нов избор”.