24фудбал

Фабрегас: Бев навреден од коментарите на Рамос

Сеск Фабрегас вели дека бил разочаран од коментарите на Серхио Рамос, но недоразбирањето веќе е минато откако ги решиле проблемите преку телефон

Шпанија

Поради повреди Сеск Фабрегас и Диего Коста ги пропуштија последните два натпревари на Шпанија, квалификацискиот дуел со Белорусија и пријателската средба со Германија.

Дуото беше обвинето дека не покажува доволна посветеност кон националниот дрес, а на оваа тема јавно проговори заменик-капитенот на Шпанија, Серхио Рамос, кој посочи дека Сеск и Коста во прв план го имаат својот клуб а не ’Црвената Фурија’.

Во разговор со Cadena Cope, Сеск Фабрегас сега вели дека бил разочаран од постапката на Серхио Рамос.

Фудбалерот од средниот ред на Челзи инситира дека бил повреден, и додава дека никој не да ја оспорува неговата посветеноста кон репрезентацијата на Шпанија.

„Знаев дека Серхио алудира на мене, веќе разговарав со него и му кажав што мислам”- вели Фабрегас.

„Разговаравме на телефон и се е во ред. Но секако дека бев навреден, разочарани сте кога некој ја става под знак прашалник вашата посветеност”.

„Многу пати сум дошол на подготовки без да одиграм една минута. Девет години го носам националниот дрес и има 94 настапи. Секогаш сум доаѓал и тоа со насмевка од уво до уво”.

„Му кажав на Рамос дека требал да ми се јави и да ми го каже неговото мислење во лице”.

„Играме заедно уште од репрезентацијата до 21 година, па нема потреба да испраќа пораки преку медиумите”.

„Имав ситна повреда, и доколку играв, постоеше можност да заработам посериозна повреда, слична како онаа на Лука Модриќ.