24фудбал

И Снајдер заминува од Галатасарај?

Откако се најде на клупата на последниот натпревар на Галатасарај, се појавија шпекулации дека Снајдер ќе го напушти клубот уште во јануари, како една од опциите е Манчестер Јунајтед.

Англија
Весли Снајде од клупата го започна последниот натпревар на Галатасарај кој го загубија на домашен терен од Трабзонспор со убедливи 3-0.
 
Неговиот агент, Гуидо Алберс го пренесе разочарувањето на Снајдер за турските медиуми.
 
„Ќе разговараме со бордот во среда во Брисел, ќе зборуваме за ситуацијата на Весли, навистина не знам зошто не беше стартер. Снајдер сака да остане, но доколку продолжи да седи на клупата... Никој не сака да седи на клупа" - вели агентот Гуидо Алберс.
 
„Тоа е одлука на Прандели. Снајдер не може ништо. Дали ова ќе се случува секоја недела? Ќе видиме во среда".
 
Daily Star веднаш излезе со шпекулација дека Весли Снајдер би можел конечно да се пресели во Манчестер Јунајтед.