24фудбал

Мурињо: Многу сме јаки

Жозе Мурињо е презадоволен од настапот на Челзи против Шалке, Португалецот има само пофалби за своите фудбалери за кои смета дека одиграле перфектен натпревар.

Англија
Челзи со убедливи 5-0 победи на гостувањето кај Шалке и на коло пред крајот го обезбеди првото место во групата, Мурињо е презадоволен од своите фудбалери.
 
„Одигравме фантастичен натпревар. Тимот има голема самодоверба. Требаше да дојдеме тука и да одиграме добар натпревар, тоа го покажавме уште од првата минута" - изјави Жозе Мурињо.
 
„Го контролиравме текот на целиот натпревар играјќи на највисоко квалитативно ниво, одлични во дефанзивата, без грешки, Куртоа немаше ниту една сериозна интервенција, само еднаш ја погодија пречката од одбиена топка од наш играч. Одигравме многу импресивно".
 
„Нормално кога водите со 4-0 или 5-0, правите грешки во дефанзивата и му дозволувате на противникот да постигне гол, но ние тоа не го направивме".
 
„Мислам дека тие треба да прифатат дека сме пресилни за нив. Кога ќе загубите од тим кој покажал перфектни перформанси и остварил перфектен резултат, тоа не е ваша вина".
 
„Не се сеќавам Челзи да одиграл вака на гостување. Јасно е дека имало големи победи, со мене и со други менаџери, но начинот на кој победивме беше многу импресивен, многу комплетен. Фудбалерите беа фантастични".