24фудбал

Лавеци одново на агендата на Интер

Медиумите од Италија пренесуваат дека Роберто Манчини побарал на Џузепе Меаца да пристигне Езекиел Лавеци

Италија

Аргентинецот во 2012 го напушти Наполи и се пресели во ПСЖ, но често се шпекулира за негово враќање во Италија.

Езекиел Лавеци во минатото во неколку наврати беше поврзуван со Интер, а медиумите од Италија сега одново говорат за преселба на офанзивниот фудбалер на Џузепе Меаца.

Денешното издание на Gazzetta dello Sport пренесува дека Роберто Манчини нема да ја практикува омилената форманција 3-5-2 на Валтер Мацари.

Па затоа предводникот на Интер е во потрага на нови крилни фудбалери, и негов прв избор е Езекиел Лавеци од ПСЖ.

На листата со желби исто така е и името на Алесио Черчи од Атлетико Мадрид, кој не успева да се снајде на Висенте Калдерон и има ограничена минитажа