24фудбал

Мојс не ги знае имињата на своите играчи (ВИДЕО)

Новиот тренер на Реал Сосиедад, Дејвид Мојс очигледно сеуште немал време да ги научи имињата на своите играчи па Естебан Гранеро го ословуваше како Стефано

Видео

Изминатиов викенд Шкотот го имаше своето деби на клупата на Реал Сосиедад на гостувањето кај Депортиво Ла Коруња.

Камерите будно го следеа секој потег на Дејвид Мојс, па на виделина излегоа проблемите со кои стратегот се соочува во своите први денови од авантурата во Шпанија.

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед очигледно немал доволно време да ги научи имињата на своите играчи, па беше уловен како дава инструкции на мистериозен фудбалер наречен ’Стефано’.

Реал Сосиедад нема фудбалер со такво име, и се верува дека Дејвид Мојс се обидувал да му пренесе порака на Естебан Гранеро.

Тој исто така од својот персонал побара потврда за тоа дали играчот со кој разговара е Чори Костро, по што го бодреше Уругвецот да продолжи да игра во исто темпо.