24фудбал

Пелегрини: До крај ќе се бориме за влез во нок-аут фазата

Менаџерот на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини ветува дека неговите избраници до крајот ќе се борат за продолжување на настапот во Лигата на Шампионите

Лига на Шампиони

На ’Граѓаните’ очајно им требаат бодови и би можеле да доживеат рана елиминација уште вечерва доколку не слават над Баерн Минхен, а на средбата помеѓу ЦСКА и Рома има победник.

Мануел Пелегрини е свесен дека Манчестер Сити оваа сезона игра лошо во Лигата на Шампионите и вели дека ќе биде направена соодветна анализа по последниот натпревар против Рома.

Но до тогаш, тие со сите сили ќе се борат за пласман во нок-аут фазата.

„Важно е за овој клуб да има добар настап во Европа” – рече Пелегрини на вчерашната прес конференција.

„Против Баерн, ќе се бориме до самиот крај за да го продолжиме престојот во Лигата на Шампионите”.

„Доколку не се пласираме во нок-аут рундата ќе анализирме зошто се случило тоа, каде погрешивме. Но мораме да го одиграме овој натпревар и оној со Рома. Дури по средбата на Олимпико ќе можеме да донесеме заклучоци”.

„Ниту јас, ниту играчите не се задоволни од начинот на кој игравме во групната фаза”.

Во пресрет на вечерашната пресметка на Етихад Стадионот, двата тима имаат проблеми со повредите.

Јаја Туре и Фернандињо се суспендирани, а Пелегрини исто така не може да смета ниту на Давид Силва, Един Џеко и Александар Коларов.

’Баварците’ патуваат без својот капитен Филип Лам, а на листата повредени играчи се наоѓаат Давид Алаба, Хави Мартинез и Тиаго Алкантара.

„Баерн има неколку повредени играчи, но истото важи и за нас” – додава Пелегрини.

„Но големите тимови имаат широки состави и големи имиња кои можат да одиграта солидно”.

Баерн Минхен веќе го има осигурано првото место, но Пелегрини не очекува шампионот на Германија да се опушти.

„Не значи дека ќе одиграат лошо само поради тоа што веќе го обезбедија пласманот во нок-аут фазата”.

„Сигурен сум дека не очекува тежок и неизвесен дуел”.