24фудбал

Гласајте за европскиот тим на годината

УЕФА денеска соопшти дека посетителите на UEFA.com до 6. јануари ќе имаат можност да гласаат за идеалниот тим во 2014

Останато

40 фудбалери кои настапуваат на ’Стариот Континент’ се номинирани за дрим-тимот на годината.

Посетителите на веб страната на УЕФА најпрво ќе треба да одберат формација, а потоа и својот идеален тим.

Како опција се понудени четворица голмани, 12 дефанзивци, 12 фудбалери од средниот ред и 12 напаѓачи.

Кандидати за дрим-тимот се:

Голмани: Бето, Џиџи Буфон, Тибо Куртоа, Мануел Нојер;

Одбрана: Давид Алаба, Мехди Бенатиа, Жером Боатенг, Даниел Карвахал, Езекиел Гарај, Диего Годин, Матс Хумелс, Винсент Компани, Филип Лам, Миранда, Серхио Рамос, Пабло Забалета;

Среден ред: Чаби Алонсо, Арда Туран, Анхел Ди Марија, Џејмс Родригез, Коке, Тони Крос, Лука Модриќ, Пол Погба, Иван Ракитиќ, Марко Ројс, Арјен Робен, Јаја Туре.

Напад: Алексис Санчез, Герет Бејл, Карим Бензема, Диего Коста, Златан Ибрахимовиќ, Роберт Левандовски, Лионел Меси, Томас Милер, Нејмар, Кристијано Роналдо, Јонатан Сориано, Карлос Тевез.