24фудбал

Пандев не е во комбинација за дуелот со Андерлехт

Горан Пандев повторно е изоставен за натпревар од Лигата на Шампионите, Македонецот остана во Истанбул и нема да биде дел од екипата која ќе игра во Белгија.

Лига на Шампиони
Според некои информации од Турција, Пандев е болен и тоа е причината што не е во составот на Прандели.
 
Но, македонскиот фудбалер веќе подолго време нема одиграно натпревар за Галатасарај, не беше повикан ниту за дуелот со Борусија Дортмунд во минатото коло.
 
Повеќе од јасно е дека за Горан Пандев нема место во составот на Галатасарај, Македонецот  во јануари ќе се врати во Италија, Торино, Фиорентина и Сампдорија се опциите за него.