24фудбал

Kопа Америка: Аргентина против Уругвај, Бразил против Колумбија

Извлечена е ждрепката за Копа Америка, континенталното натпреварување кое следната година ќе се одржи во Чиле.

Јужна Америка
Бранителот на трофејот, селекцијата на Уругвај се наоѓа во иста група со светскиот вицепрвак, Аргентина, тоа ќе биде дуел на соиграчите Луис Суарез и Лионел Меси.
 
Интересно ќе биде и во групата Ц, во која Бразил ќе се сретне со силната селекција на Колумбија.
 
На Копа Америка учествуваат десет селекции од Јужна Америка и две од КОНКАКАФ зоната, Мексико и Јамајка.
 
Селекциите се поделени во три групи со по четири репрезентации, првите две од секоја група и двете најдобри третопласирани репрезентации продолжуваат во четвртфиналето.
 
Копа Америка:
 
Група А: Чиле, Еквадор, Мексико, Боливија
Група Б: Аргентина, Уругвај, Парагвај, Јамајка
Група Ц: Бразил, Колумбија, Венецуела, Перу.