24фудбал

Бабунски му го честиташе рекордот на Меси (ФОТО)

Големиот македонски талент, Давид Бабунски му го честиташе рекордот на Лео Меси кој стана фудбалерот со најмногу постигнати голови во историјата на Ла Лига.

Шпанија
Во саботата Лео Меси постигна хет-трик на натпреварот против Севиља и во голем стил стана фудбалерот со најмногу постигнати погодоци во историјата на Ла Лига.
 
Честитки стигнуваа од сите страни, а една од нив беше и од Давид Бабунски кој на својот инстаграм профил напиша: Му честитам на најдобриот за новиот рекорд. Каква привилегија е да се тренира покрај него!