24фудбал

Ориџи нема да се врати на Енфилд во јануари

Менаџерот на Ливерпул, Брендан Роџерс ја отфрла можноста младиот Дивок Ориџи да се врати на Енфилд во зимскиот преоден рок

Англија

Поради лошата форма на Марио Балотели и Рики Ламберт, како и новата повреда на Даниел Стариџ, медиумите од ’Островото’ одново почнаа да говорат за можноста Дивок Ориџи предвреме да ја прекине позајмицата во Лил и веќе во јануари да се врати во Мерсисајд.

Сепак, Бренан Роџерс попладнево ги демантираше ваквите стории, менаџерот на ’Црвените’ вели дека еден од условите за ангажман на талентираниот репрезентативец на Белгија бил тој да останел уште една сезона во Лил.

„Мислам дека нема шанси Ориџи да се врати во јануари” – вели Роџерс. „Кога го купивме од Лил, еден од условите беше тој да остане на позајмица”.

„И јас ги прочитав сториите кои велеа дека можеби ќе се врати порано, но тоа не е така”.

„Една од причините поради која стигнавме до неговите услуги е токму тоа што му дозволивме да остане уште една сезона во Лил”.

„Зделката беше прилично јасна и едноставна, ќе го добиеме дури следната сезона, и колку што јас знам, ништо се нема променето”.