24фудбал

На Бетмен не му се допадна новото лого на Валенсија

Американската компанија DC Comics му замери на фудбалскиот клуб Валенсија за новото лого што тимот од Местаља сака да го регистрира како заштитен знак

Шпанија

Популарните ’Лос Че’ сакаат да го модернизираат своето лого но американската компанија DC Comics се противи на дизајнот кој ФК Валенсија го поднесе до OHIM, организацијата за регистрација на заштитни знакови при Европската Унија.

DC Comics верува дека новото лого на Валенсија, на кое лилјакот е прикажан со крилјата кренати нагоре, е премногу слично со логото на нивниот супер-херој Бетмен.

Многумина се изненадени од вакиот потег со оглед на тоа дека лилјакот се смета за симол на среќа и чувар на градот Валенсија, и е дел од логото на ФК Валенсија од 1919.

Ликот на Бетмен во стрип се појавува дури 20 години подоцна, односно во 1939.