24фудбал

Дортмунд се надева дека ќе го задржат Ројс ако изборат пласман во ЛШ

Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке е уверен дека тие ќе го задржат Марко Ројс доколку успеат да се пласираат во Лигата на Шампионите следната сезона.

Германија
Во последниот период Марко Ројс се поврзува со заминување од Дортмунд, интерес за него има речиси од сите најдобри клубови во Европа.
 
Борусија Дортмунд има очаен почеток на новата сезона во Бундеслигата и неизвесно е дали оваа сезона ќе успеа да заврши на место кое води во Лигата на Шампионите.
 
Ако тоа се случи, Вацке верува дека Ројс и понатаму ќе биде член на Борусија Дортмунд.
 
„Факт е дека тој цврсто се идентификува себе си со градот и клубот" - вели Вацке за германскиот весник Ruhr Nachrichten.
 
„Имаме што да понудиме. Но не можеме да негираме дека ќе биде многу полесно за тој да остане доколку постојано играме во Лигата на Шампионите".
 
Борусија Дортмунд во моментов е на 15. место на табелата во Бундеслигата со девет бода заостанување зад четвртиот, Хановер.