24фудбал

Мурињо негира дека Чех заминува од Челзи

Жозе Мурињо ги окарактеризира како аматерски медиумите што пишуваат за заминувањето на Петр Чех од Стемфорд Бриџ.

Англија
Изминатите неколку дена, Петр Чех беше една од главните теми во дел од медиумите во Англија.
 
Се пишуваше дека Челзи и Арсенал веќе постигнале договор за трансфер на Петр Чех, но и дека интерес за голманот има и од клубовите кои се надвор од Англија.
 
Сепак, оној кој го има последниот збор за заминувањето на Чех, Жозе Мурињо, негира дека голманот си заминува.
 
„Во овој момент, секој ден пристигнуваат вести, секоја минута, секоја секунда, вести од некои сајтови, блогови, не знам од каде ги вадат ваквите вести. Од кои аматерски медиуми излегуваат" - вели Мурињо.
 
„Јас ви ја кажувам вистината, а таа е дека до сега не сме добиле ниту една понуда за Петр Чех".
 
„Во овој момент тој е наш голман, има уште две ипол годишен договор и е фантастичен професионалец".
 
„Петр Чех ниту еднаш не дошол на мојата врата за да ме информира дека сака да замине. Тоа е вистината и не можам ништо повеќе од тоа да кажам".