24фудбал

Балотели: Верувам дека сум еден од најдобрите

И покрај тоа што многумина ја изгубија довербата во квалитетите на Балотели, неговата самодоверба останува на највисоко ниво.

Англија
Балотели има очаен старт на неговата кариера во Ливерпул, има постигнато два гола во куп натпреварувањата, а сеуште ниту еден во Премиерлигата.
 
„Головите ќе дојдат, тоа е нешто што едноставно го нема во моментов, но не е нешто што трајно исчезнало" - вели Балотели.
 
Многумина веруваат дека неговиот трансфер е промашување, но ’Супер Марио’ својата авантура во Ливерпул ја оценува со 7 од 10,
 
„Трчам повеќе од претходно. Никогаш не сум трчал волку... Па би си дал оценка 7".
 
Контроверзниот репрезентативец на ’Аѕурите’ исто така вели дека не обрнува внимание на критиките што пристигнуваат на негова сметка, и важно му е само мислењето на најблиските околу него.
 
„Не ми е потребно луѓето да веруваат во мене, најважно ми е дека јас верувам во себе. Важните луѓе за мене се мојата фамилија и неколку блиски пријатели, тие веруваат во мене".
 
„Некои мислат дека затоа што не можам да дадам гол во моментов и што не ја почнав добро сезоната, не можам да бидам еден од најдобрите играчи, не можам да бидам значаен играч за овој тим. Тоа е нивна работа".
 
„Не ми е грижа за она што го велат луѓето, бидејќи знам дека лажат".