24фудбал

Кедира потпишал пред договор со Баерн Минхен

Според шпанските медиуми, Сами Кедира нема да заврши во Премиерлигата, греманскиот репрезентативец го одбрал Баерн Минхен.

Германија
Челзи и Арсенал беа во трка по потписот на Сами Кедира, но според последните информации Германецот нема да се пресели во Лондон, ќе се врати во својата татковина и ќе го облече дресот на Баерн Минхен.
 
Договорот на Кедира со Реал Мадрид истекува по крајот на оваа сезона, информациите од Шпанија велат дека тој има пред договор со Баварците и од следното лето ќе му се приклучи на тимот на Пеп Гвардиола.
 
Кедира во Реал Мадрид пристигна од Штутгарт во 2010 година, има одиграно преку 150 натпревари за Кралевите во сите натпреварувања, освои трофеј во Примера во 2013 и од Лигата на Шампионите минатата сезона.