24фудбал

Петр Чех од Челзи се сели во Арсенал!?

На повидок е шокантен трансфер во Англија, според медиумите од оваа земја, Арсенал и Челзи го договориле трансферот на Петр Чех, голманот во јануари би требало да се пресели во Северен Лондон за сума од седум милиони фунти.

Англија
Чех од западен се сели во северен Лондон, 32-годишниот голман е една од главните теми во утринските изданија на англиските медиуми.
 
Легендарниот голман на Челзи, е во сенка на Тибо Куртоа оваа сезона, па подготвен е по десет години на Стемфорд Бриџ да ја промени средината.
 
Шпекулациите велат дека Чех ќе потпише со големиот ривал на Челзи, Арсенал кој за овој трансфер е подготвен да плати 7 милиони фунти.
 
Според одредени медиуми, овој трансфер е веќе завршена операција, клубовите постигнале договор и се очекува од јануари Чех да застане меѓу стативите на Емирати.