24фудбал

Стариџ нема да се врати на теренот во 2014

Лоши вести за Ливерпул, Даниел Стариџ кој заработи нова повреда, ќе биде надвор од стројот до почетокот на наредната година.

Англија
На тренинг на Ливерпул, напаѓачот заработи нова повреда на задната ложа, па клубот беше во исчекување на резултатите за тежината на повредата.
 
А тие не се добри за Ливерпул, Стариџ се соочува со нова подолга пауза, информациите велат дека уште шест недели ќе биде надвор од теренот, што значи дека за него оваа година е завршена.
 
Стариџ ќе ги пропушти последните два натпревари од групната фаза во Лигата на Шампионите за Ливерпул, како и дерби дуелите против Манчестер Јунајтед и Арсенал во Премиерлигата.
 
Ливерпул игра во лоша форма оваа сезона, па со нетрпение се очекува враќањето на Стариџ во тимот, но тоа постојано се одложува со нови повреди.