24фудбал

Манчестер Јунајтед ќе понуди рекордна сума за Хумелс

Според Guardian, Манчестер Јунајтед е подготвен да го урне рекордот во Премиер лигата кога е во прашање трансфер на дефанзивец и да понуди над 32 милиони евра за Матс Хумелс.

Англија
Во последно време актуелни се гласините дека Јунајтед го посакува Хумелс, таквите шпекулации ги потврди и Guardian, еден од најпрестижните англиски весници.
 
Луи ван Гал има сериозни проблеми во дефанзивата, па во Хумелс гледа идеално решение.
 
Германецот има уште две години од актуелниот договор со Борусија Дортмунд, но поради лошите резултати оваа сезона, желбата кај фудбалерите од овој клуб за промена на средината расте.
 
Според информациите од Англија, Манчестер Јунајтед е подготвен да понуди повеќе од рекордните 32 милиони фунти колку што Манчестер Сити му плати на Порто за Мангала.