24фудбал

Скандал ја тресе Турција, Демирел го напушти натпреварот па спасуваше жива глава (ВИДЕО)

Емре Белозоглу го спасуваше Волкан Демирел од линч откако голманот одлучи да го напушти натпреварот против Казакстан уште на загревањето откако беше навредуван од навивачи на Галатасарај.

Видео
Голманот на Фенербахче, Волкан Демирел е во центарот на вниманието во Турција откако одлучи да напушти натпревар на репрезентацијата уште на загревањето.
 
Демирел беше навредуван од фанови на Галатасарај, влезе во вербален конфликт со нив и реши да замине во соблекувалната пред да почне дуелот.
 
И покрај победата од 3:1, фановите беа бесни поради потегот на Демирел дел од нив го чекаа пред стадионот, ситуацијата лесно можеше да излезе од контрола, но обезбедувањето и Емре спречија линч на голманот.