24фудбал

Лошата одбрана и подари победа на Словачка (ВИДЕО)

Грешките во одбраната не чинеа нов пораз, Македонија создаде неколку одлични шанси, вршеше притисок кон голот на Словачка, но нивната мрежа не се затресе.

ЕУРО 2016
Лесно примаме голови, тешко даваме, уште еднаш на дело се покажа оваа карактеристика на Македонија која се провлекува со години наназад.
 
Словачка се радуваше на нова победа против Македонија, и станавме стален пациоен на оваа земја, нови три бода за нив со кои ја продолжуваат перфектната серија во квалификациите, ние го забележавме третиот пораз.
 
Избраниците на Бошко Ѓуровски одиграа офанзивен натпревар, особено во второто полувреме кога тоа ни го овозможија и Словаците по нивното водство од 2-0, но грешките во првиот дел беа клучни за крајниот исход.
 
Куцка во 25. и Немец во 38. минута ја тресеа мрежата на Пачовски по лошите реакции на одбрамбените фудбалери.
 
Трајковски два пати од слободен удар ја погоди пречката од голот на Козачик, но топката не сакаше да влезе во неговата мрежа.
 
Имавме уште неколку можности преку Трајковски и Абдурахими, Словачка играше повлечено, се бранеше и успеа во својата мисија.
 
Македонските фудбалери одиграа борбено, ангажирано како и на натпреварот против Украина, но резултати нема, ефикасноста на нападот е проблем, но и тенката одбрана која не покажува стабилност.
 
Време за анализи и подготовка до следниот натпревар има, наредниот меч го играме на крајот од март кога во Скопје ни гостува селекцијата на Белорусија.