24фудбал

Официјално: Манчини е нов тренер на Интер

Роберто Манчини се враќа во Интер, Нероазурите не чекаа долго да го објават името на својот тренер откако утринава му врачија отказ на Валтер Мацари.

Италија
Роберто Манчини е именуван за нов тренер на Интер, откако клубот се раздели со Мацари поради лошите резултати оваа сезона.
 
Манчини кој освои три титули во Серија А со Интер помеѓу 2004 и 2008 години, повторно ќе го превземе кормилото на Нероазурите.
 
„Интер со задоволство може да соопшти дека Роберто Манчини е нов тренер на првиот тим. Од сабота започнува со своите тренерски обврски" - стои во соопштението на клубот.
 
Претседателот Ерик Тохир верува дека Манчини е вистинскиот човек за неговиот клуб.
 
„Нашата цел е да се вратиме на вистинската позиција, онаму каде што припаѓаме, меѓу најдобрите клубови во Европа, затоа со задоволство му посакувам добредојде на Манчини".
 
„Неговите постигнувања во Интер зборуваат за него, тој има интернационално искуство и гладен е за успех, ќе го однесе тимот на следното ниво".