24фудбал

Јаховиќ и Георгиевски исфрлени од репрезентацијата!

Поради недисциплина и нарушување на атмосферата, Адис Јаховиќ и Даниел Георгиевски се исфрлени од репрезентацијата на само ден пред натпреварот со Словачка.

Македонија
Селекторот на македонската репрезентација, Бошко Ѓуровски потврди дека двајцата фудбалери се отстранети откако го нарушиле кодексот на однесување.
 
„Двајцата покажаа големо нетрпение на тренингот, такви играчи не ми се потребни во репрезентацијата. Сакам играчи кои ќе гинат за Македонија, не фудбалери кои не покажуваат дисциплина" - изјави селекторот.