Категорија: Италија 14.11.2014 13:23
Медиумите од Италија пред неколку часа објавија дека претседателот Ерик Тохир преку ноќ одлучил дека е време за промени и утрово му врачил отказ на тренерот Валтер Мацари.
Извештаите исто така велеа дека клубот од Џузепе Меаца веќе се договорил со Роберто Манчини за 49 годишниот стратег да седне на тренерското столче.
’Нероаѕурите’ сега потврдија дека Валтер Мацари заминува, но не го открија името на неговиот наследник.
„Интер сака да соопшти дека Валтер Мацари е разрешен од должностите како тренер на првиот тим” – гласеше известувањето.
„Клубот сака да му се заблагодари на Мацари за неговиот ангажман, посветеност и сериозност во изминатите 17 месеци. Денешниот тренинг ќе го предводи Џузепе Барези”.