24фудбал

Мацари добил отказ, Манчини се враќа во Интер?!

Според пишувањата на медиумите од Италија, Интер му врачил отказ на Валтер Мацари, ’Нероаѕурите’ го враќаат Роберто Манчини на Џузепе Меаца

Италија

По серијата слаби резултати, често се говореше дека сериозно се ниша тренерското столче на Валтер Мацари.

Вчера се појавија стории кои велеа дека следните три натпревари на Интер (против Милан, Удинезе и Рома) се клучни за иднината на стратегот, но и дека тој сигурно ќе добие отказ доколку ’Нероаѕурите’ загубат на дербито со Милан.

Но последните информации велат дека претседателот Ерик Тохир се предомислил, решил веднаш да превземе акција, па Валтер Мацари денеска бил известен дека е разрешен од должностите.

Новинарот Gianluca Di Marzio пренесува дека Роберто Манчини е избран за наследник на Валтер Мацари, и лидерите на Интер веќе се договориле со 49 годишниот Италијанец.

Манчини, кој беше на тренерското столче на ’Нероаурите’ од 2004 до 2008 и на Интер му донесе три Скудета и два трофеи од Купот на Италија, ќе добие две ипол годишен договор.