24фудбал

Дербито со Милан, последна шанса за Мацари

Италијанските медиуми шпекулираат дека доколку Интер не го добие градското дерби против Милан, Валтер Мацари ќе добие отказ.

Италија
Претседателот Тохир го губи трпението со Мацари, па тренерот добил последна шанса пред отказ.
 
А задачата нема да биде лесна, пред Интер е големото градско дерби против Милан, мисијата за спас на својата фотелја е да го добие натпреварот против ривалот.
 
Поради серијата слаби резултати, Мацари се наоѓа под голем притисок, навивачите и раководството не се задоволни па се почести се шпекулациите кои го поврзуваат интер со нови тренери. Последен на листата е холандскиот стратег, Франк де Бур.