24фудбал

Официјално: Дејвид Мојс е нов тренер на Реал Сосиедад

Мојс се враќа во игра, поранешниот менаџер на Евертон и Манчестер Јунајтед сега седнува на кормилото на Реал Сосиедад.

Шпанија
Дејвид Мојс се сели во Шпанија, шкотскиот стратег потпиша договор до летото 2016 со Реал Сосиедад.
 
По неуспешната авантура во Манчестер Јунајтед, Мојс шест и пол месеци беше без работа, сега му се враќа на фудбалот и тоа за прв пат надвор од Островото.
 
Мојс доаѓа на местото од Арасате кој беше отпуштен по лошиот старт на Сосиедад по кој се најде во зоната за испаѓање.
 
Тимот на Мојс има капацитет за многу подобри резултати, тоа го покажа во минатото коло кога го победи Атлетико Мадрид, во 11 кола има уште само еден триумф и тоа над Реал Мадрид.