24фудбал

Без Ибраими против Словачка

Удар за македонската репрезентација, Агим Ибраими нема да може да настапи против Словачка, фудбалерот на Марибор има пневмонија.

Македонија
Ибраими кој имаше блескава партија против Челзи, нема да може да и помогне на Македонија на важниот натпревар против Словачка.
 
Фудбалерот на Марибор имаше проблеми и пред натпреварот против Челзи, но стисна заби и настапи на тој дуел истрошувајќи се до крај.
 
Според информациите од Словенија, здравствената состојба на Ибраими се влошила, тој не беше во составот на натпреварот против Крка, а нема да може да настапи ниту за македонската репрезентација.
 
Ибраими има пневмонија и ќе му биде потребно неколкудневно мирување за да се опорави.