24фудбал

Меси - Раул 71:71 (ВИДЕО)

Меси го израмни рекордот на Раул. Аргентинскиот фудбалер постигна два гола со кои Барса дојде до победа на гостувањето кај Ајакс, и со тие погодоци успеа да го израмни рекордот на Раул за најмногу постигнати гола во Лигата на Шампионите.

Лига на Шампиони
Со двата денешни погодоци, Меси го помина Кристијано Роналдо и се израмни со рекордот на Раул од 71 погодок во Лигата на Шампионите.
 
Аргентинецот во следното коло прв ќе има шанса да го помине Раул бидејќи Барселона ќе игра во вторник, Кристијано Роналдо кој има 70 погодоци ќе продолжи да му дише во врат.