24фудбал

Баерн Минхен, Барселона, Порто и ПСЖ обезбедија осминафинале во ЛШ

Барселона го победи Ајакс во натпревар во кој Меси го изедначи рекордот на Раул, Баерн Минхен славеше уште една рутинска победа над Рома, Манчестер Сити доживеа шок на домашен терен откако загуби од ЦСКА.

Лига на Шампиони
По денешните натпревари од четвртото коло во групната фаза од Лигата на Шампионите, познати се четири осминафиналисти, ПСЖ, Барселона, Баерн Минхен и Порто го визираа местото во елиминационата фаза.
 
Барселона со 2-0 славеше на гостувањето кај Ајакс, ѕвезда на вечерта беше Лионел Меси кој со два постигнати гола се израмни со Раул на вечната листа на стрелци во Лигата на Шампионите.
 
Челзи влезе како фаворит на гостувањето кај Марибор, но не успеа да си замине со трите бода, натпреварот заврши 1-1.
 
Словенечкиот тим поведе со прекрасен гол на Агим Ибраими по пет минути игра во второто полувреме, Немања Матиќ успеа да го изедначи резултатот, а на пет минути до крајот Еден Азар промаши пенал и пропушти да му донесе победа на Челзи.
 
Баерн Минхен немаше проблеми со Рома, Баварците славеа уште една сигурна победа над Римската Волчица, овој пат со 2-0. Рибери и Геце беа стрелци на погодоците.
 
Најголемото изненадување се случи во Манчестер каде што ЦСКА Москва со 2-1 го победи Сити. Доумбиа беше двоен стрелец за гостите, Туре постигна убав гол за Сити кој не беше доволен за поволен резултат. До крајот на натпреварот домаќините останаа со девет фудбалери откако Фернандињо и Туре беа исклучени.
 
ПСЖ со гол на Кавани славеше уште една минимална победа над АПОЕЛ која значеше осминафинале за Парижаните.
 
Победа вредна осминафинале забележа и Порто на гостувањето кај Атлетик Билбао, Португалците славеа со 2-0.
 
Спортинг и Шалке одиграа уште еден супер ефикасен натпревар, овој пат тимот од Лисабон славеше, победи со 4-2. Ништо ново и на дуелот помеѓу Шахтјор и БАТЕ, Украинците овој пат броеа до пет.
 
Група Е
 
Баерн Минхен - Рома 2:0
Манчестер Сити - ЦСКА Москва 1:2
 
Група Ф
 
ПСЖ - АПОЕЛ 1:0
Ајакс - Барселона 0:2
 
Група Г
 
Марибор - Челзи 1:1
Спортинг - Шалке 4:2
 
Група Х
 
Атлетик Билбао - Порто 0:2
Шахтјор - БАТЕ Борисов 5:0