24фудбал

Платини: Роџерс ќе мора составот на навивачите да им го објасни, не на мене

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини негира дека може да има санкции за Ливерпул поради составот со кој истрча на Бернабеу.

Лига на Шампиони
Според правилата на УЕФА, екипите на теренот мора да истрчаат со најсилните состави, Ливерпул синоќа не го направи тоа, на Бернабеу не стартуваа Џерард, Стерлинг, Хендерсон, Балотели Кутињо, но Платини вели дека тој не може да оцени кој е најсилниот состав на Роџерс.
 
„Најпрво тој ќе мора својата одлука да им ја објасни на навивачите. Дали воопшто сме сигурни дека тоа не им беше најдобриот тим? Како јас би можел да кажам такво нешто? Ако кажам нешто, тренерот на Ливерпул ќе ми одговори - „Платини, но јас излегов со најдобриот тим кој го имав", и тогаш јас би испаднал глуп".
 
„Ако тренерот на Ливерпул каже дека тоа е неговиот најдобар тим. Како би можел јас да го докажам спротивното?!".
 
„Мислам дека им даваме многу пари за клубовите да можат да имаат добри тимови. А сите тие сакаат да победуваат бидејќи постои награден фонд и други придобивки. Најдобриот тим е оној кој ќе го одреди тренерот".
 
„Можеби оној тим пред 15 дена им беше послаб. Па тогаш тие изгубија 3-0, а сега 1-0. Вие го обвинувате тренерот дека не го извел најдобриот тим" - се нашали Платини на крајот.